На свеченост која денес се одржа во просториите на поранешната касарна во Охрид беше отворена Спомен-собата на Шестата македонска ударна бригада и одбележан Денот на македонската полиција.

Полковник Добре Велјаноски, претседател на Здружението на ветарените од одбраната и безбедноста на Македонија, за општините Охрид и Дебрца, која ја покрена иницијативата за отворање на оваа спомен-соба потсетува дека истата постоела за време на ЈНА, за време на АРМ, но со иселувањето на армијата и напуштањето на касарната Спомен собата исчезнала.

Како еден од командантите на оваа Касарна сакав некаде да биде одбележано името на Шестата бригада. Покренав иницијатива и акција доброволно и во Белчишта направивме Спомен соба на НОВ во Дебрца, каде што беше и дел од Шестата бригада. Меѓутоа не застанавме на тој пат, продолживме. Направивме Спомен соба и во Сливово на Првата македонско-косовска бригада, бидејќи во Скопје имав прилика да отидам во Спомен собата во единицата која ја имаше истата судбина како оваа и сакав некаде да биде изворно на местото во селото каде направивме спомен соба. Понатаму, направивме Спомен соба посветена на главниот штаб на НОВ и ПОМ, посветено на главниот документ, манифестот во Црвена вода. Училиштето го направивме во велелепно издание Спомен дом за главниот штаб на првото командно место на македонската војска во населено место. Бидјеќи армијата го носи денот 18 август, посветен на баталјонот Мирче Ацев одлучив и направивме и во селото Годивје, како најблиско место до местото каде што била главната логистика, Спомен соба на баталјонот Мирче Ацев. Не застанав, некако ме влечеше да си ја завршам до крај работата и со поддршка од градоначалникот кој ми ја даде оваа просторија ја вратиме Спомен собата на местото каде што си беше, вели Велјаноски.

Оваа Касарна, вели, има историја. Во спомен собата изложени се паноа на кои можат да се видат делот од 1945 до 1991 година со одредени содржини, сите команданти и заменици што беа во армијата во шестата бригаа. шестата бригада имаше активности, од пречеци, обуки, генерал Михајло Апостолски, бранителите кои во 2001 година на жалост го дадоа својот живот за оваа држава, потоа знамето на ветераните и знамето на Армијата,  заокружувајќи ја целината, со друштвото на Ветерани од одбраната и безбедноста Охрид.

Oтворена Спомен-собата посветена на Шестата македонска ударна бригада

Заменик градоначалникот на Општина Охрид, Перчо Божиновски истакна дека во денешницата повеќе од кога и да било претходно општата безбедност е ставена на испит.

Несмееме да си дозволиме поради неискуството или запоставувањето таа да ни го положи испитот. Голема благодарност до Здружението на ветерани кои своето стекнато големо искуство се желни д аго пренесат и на помладите генерации со една единствена цел сите ние да имаме безбедна средина за живеење. Исто така, сакам да се заблагодарам  од името на Општина Охрид завашиот придонес во изработката на Спомен собата. Ваквите манифестации се значајни и пред за да ни бидат патоказ кон подобра иднина, рече Божиновски.

Во рамки на свеченоста во присуство на претставници на локалната самоуправа, ветераните од полицијата и армијата, беше одбележан и 7 мај – Денот на македонската полиција.

Како што рече портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски, оваа средба е добра можност да се поразговара за сите активности што би придонеле за зголемување на степенот на безбедноста во подрачјето.

Ова ќе биде можност да разговараме со сите присутни и за другите безбедносни проблеми со кои се соочуваме и да постигнеме начелен договор како да го подигнеме степенот на меѓусебната соработка и меѓусебното информирање. СВР Охрид претставува современа полициска организација, партнер на граѓаните која работи во нивен интерес и која што ефективно ги решава сите проблеми на безбедносен план, почнувајќи од јавниот ред и мир се до имотните деликти. Она што е најзначајно е пронаоѓање на сторителите на кривични дела и нивно изнесување пред лицето на правдата, рече Димовски.

Пензионираниот полицаец Димитар Стојчески упати честитка до своите колеги и потенцираше дека во својот работен век почнувајќи од 1965 до 1986 година работел на меѓународниот граничен премин Ќафасан. Вели кога почнал да работи во Охрид биле само четворица полицајци.

Инаку, во рамки на свеченоста беа реализирани и забавна и спортска програма.

Н.С.Ј.