Во наредните неколку дена во село Мешеишта ќе се организира летна фудбалска школа. Школата ќе се реализира во организација на Општина Дебарца и невладината организација Отворени забавни фудбалски школи Скопје подржана од CCPA невладина организација за подршка на спортот кај децата од Данска.

Во школата учетво ќе земат деца на возраст од 6-12 години од општина Дебарца. Школата ќе се изведува во вечерните часови 19-21 часот на полигонот во село Мешеишта.

Ohridnews