Со традиционалното палење на фестивалскиот оган и читање на поемата „Т`га за југ“ од Константин Миладинов, на македонски и на дански јазик, синоќа во Струга свечено беа отворени 46-те Струшки вечери на поезијата.

Поезијата со векови била средство за културен дијалог,  рече министерот за култура Арифхикмет Џемаили, кој го прогласи Фестивалот за отворен. „Таа е најздравото ткиво на нашиот идентитет, а тој идентитет дава посебност и не сплотува во бесконечниот свет на различности во кој оската е културната соработка“, рече  министерот за култура.

Според  градоначалникот  Рамиз Мерко, Струга се развива преку поезијата и мирот. Поетите се тие кои го крунисуваат ова божествено езеро и боженствена река , рече градоначалникот Мерко.

Претседател на Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата, Зоран Анчески нагласи дека СВП го слават 46-от роденден и дека  „низ славењата потврдуваме кои сме и зошто сме во овој живот и свет“.

Инаку лауреат на годинашните  „Струшките вечери на пезијата“ е палестинскиот поет Махмуд Дарвиш, добитник на „Златниот Венец“, додека добiтник на наградата „Браќа Миладиновци“, е младиот македонски поет Никола Маџиров. Добитничката на наградата „Мостови на Струга“ е младата поетеса од Белгија, Мануа Риме, која поради здравствени проблеми не допатува во Струга.

Традиционално добитникот на „Златниот венец“ во паркот на поезијата крај Дрим засади дрвце.
Првата вечер на СВП беше  комплетирана со меѓународното поетско читање „Поетски меридијани“ на кое  настапијав 20-тина поети.

ohridnews