Традиционалните осми по ред Синдикални спортски натпревари што ги организира Самостојниот синдикат на вработените во одбраната започнаа денеска во хотелот „Евротел“ во Струга.

На игрите, што за отворени ги прогласи Министерот за одбрана Зоран Коњаноски, учествуваат петстотини припадници на АРМ, професионални војници, подофицери, офицери, припадници на Генералштабот на АРМ и вработени во Министерството за одбрана.

OhridNews