Во рамки на Отворените денови на земјоделството, денеска, 27ми јануари, директорот на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството Игор Златков, ќе посети земјоделски производители во општина Охрид.

Најпрвин во 13 часот, тој ќе оствари средба со земјоделците во село Долно Лакочереј во Домот на култура, во 15 часот ќе има средба со земјоделците од Косел во општинската зграда, а во 17 часот ќе се сретне со земјоделците од с. Лескоец во домот на култура.

На средбите земјоделците ќе бидат информирани за сите актуелности од областа на земјоделството, а ќе имаат можност да ги искажат своите проблеми, но и да да дадат свои предлози, идеи и сугестии поврзани со земјоделството, информираат од Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството, Р.Е Охрид .

На средбите ќе присуствуваат и претставници од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство – подрачна единица од Охрид.

OhridNews