ОУТУ „Ванчо Питошески“, во текот на оваа недела организира „Отворени денови“ за сите заинтересирани основци, со цел  на идните средношколци да им се овозможи полесно да одлучат во својот избор за понатамошното образование. Отворените денови се можност сите заинтересирани да ги разгледаат просториите, училниците и наставните кабинети. Заинтересираните посетители ги пречекуваат професори и ученици, при што се врши презентација со цел идните ученици да ги видат условите за школување и начините на настава. Исто така, можат да присуствуваат на часови и да ги видат кабинетите во кои се изведува наставата.

Деновиве, во посета на ова средно училиште беа основците од ОУ „Христо Узунов“, а во текот на денешниот ден , вратите на училиштето ќе бидат отворени за учениците од ОУ „Григор Прличев“. Во наредните денови и за останатите основни училишта од градот и околните места, сите родители и ученици кои имаат потреба да разговараат со предметните професори.

– Покрај посетата од училиштата од Охрид, треба да се спомене дека има голема заинтересираност и посетеност на ученици од основните училишта од другите градови во земјата (Дебар, Кичево, Струга, Скопје, Битола, Ресен, Прилеп, Штип, Кавадарци,  како и од други градови). Посетителите на поставените штандови како и декорирани маси на кои има вкусна храна изработена од вештите раце на учениците, идните средношколци и нивните родители добиваат флаери но и подетални информации за предметите што се изучуваат и можностите за понатамошно продолжување на образованието и вработување со стекнатата меѓународно призната диплома, како и со ставање акцент на средното стручно образоавние и недостигот на кадри на пазарот на трудот токму од угостителско-туристичката струка, објаснуваат од училиштето.

OhridNews