Свечено отворено 37-то издание на интернационалната културна манифестација „Поетска ноќ во Велестово” во рамки на која ќе настапат шеснаесет поети, музичари и уметници од вкупно од шест држави (Ирска, Азербејџан, Хрватска, Романија, Бугарија и Македонија).


Нејзината светлина е кратка, но има моќ да ги разбуди љубовта и надежта во нашите срца. Таа е повик да го почувствуваме сето она што сме заборавиле да го чувствуваме. Поетската ноќ во Велестово не е само културен настан, таа е е светилник на македонската поезија, но и на културниот живот на Охридскиот регион и пошироко. Нашата локална самоуправа, ќе продолжи да дава поддршка за овој поетски настан и ве уверувам дека и понатаму ќе стоиме зад ваквите убави проекти кои ја чуваат културната традиција на Охрид, додаде Пецаков.
Во тремот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во с. Велестово беше отворена и изложбата „Непредвидливи соочувања“ на академскиот сликар Стефан Младеновски, а музичкиот дел го пополни Игор Климоски, музичар од Велестово.

Утре во кафе и бар Шила во 18 часот ќе се одржи промоција на стихозбирката „Како сон“, избор песни од Фарид Хусеин (Азербејџан), во препев од англиски на Јулијана Величковска, издание на „ПНВ Публикации“, додека во 19 часот „Мозаик #2“ ‒ интернационално поетско читање со учесници од Хрватска и Македонија.

Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и туризам, од Општина Охрид и од Комерцијална банка АД Скопје, гостувањето на поетесата од Ирска е помогнато од Литературниот центар Мунстер од Корк и Советот за уметност на Ирска, а гостувањето на поетите од Хрватска е поддржано од Хрватското друштво на писатели и е дел од книжевната размена меѓу Поетска ноќ во Велестово и „Стихот во регионот“ (“Stih u regiji”), Загреб.
Н.С.Ј.












