Денес, со почеток во 15 часот, во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, ќе се одржи заедничко интервју на претседателот Ѓорге Иванов, со главните и одговорни уредници од повеќе телевизии, кое ќе биде емитувано во живо на првиот канал на Македонска телевизија и на интернет.
Интервјуто ќе го водат главните уредницци на Македонска Телевизија, ТВ Алфа, ТВ Алсат – М, ТВ Канал 5, ТВ Сител, ТВ Телма, ТВ 21, ТВ Шења, Телевизија Нова и ТВ 24 Вести.

Поканетите претставници на медиумите ќе имаат можност да ги постават сите прашања во врска со последната одлука на претседателот Иванов, соопштија од Кабинетот на претседателот. Интервјуто ќе биде емитувано во живо на првиот канал на Македонската Телевизија  и на интернет страницата њњњ.мрт.цом.мк

Ова интервју доаѓа по одлуката на претседателот Иванов од пред два дена кога поднесе општ акт за прекинување на сите кривични постапки против лица од власта и од опозицијата за, како што рече, зачувување на државните и националните интереси и ова го гледа како начин за излез од политичката криза.

OhridNews
извор Макфакс