Професионалната спонзоруша Карла Абониа и нејзиниот ментор Алан Шнајдет во Њујорк отвориле училиште за жени кои бараат богати постари мажи кои финансиски ќе ги издржуваат. Абониа вели дека ќе ги научи жените како да гледаат на врската за таа да биде просперитетна и корисна за двете страни. Оваа „едукативна“ организација сака да ги научи учениците како да бидат успешни спонзоруши со помош на сексуалноста, разбирањето, дарежливоста, привлечноста и взаемноста.
Исто така наставата е отворена и за мажи кои сакаат да бидат со такви жени. Шнајдет вели дека не станува збор само за сексот, туку им помагаат да ја откријат искрата, вистинската поврзаност, а многу од паровите на крајот завршувале со свадба. Додава дека нема срам во тоа мажот да е спонзор.