СВР Охрид поднесе кривична пријава против две лица државјани на Република Италија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “изработка и употреба на лажна платежна картичка“. Пријавените преку адвокат-полномошник отвориле две фирми во сструшкото село Лабуништа и на име на фирмите отвориле банкарски сметки во Халк Банка и поднеле барање за инсталација на ПОС терминали.

По отворањето на банкарските сметки и ПОС терминали од претходно набавени броеви од платежни картички со туѓи податоци направиле обид за вршење на трансакции.

OhridNews