Основното училиште „Братсво единство“ од Охрид, доби препорака за зелено знаме како дел воведувањето на Програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“, за наградување на градинки, основни и средни учлилишта.

Официјалното прогласување на институциите кои се наградени со зелено знаме, сребрено или бронзено ниво, ќе биде на традиционалниот ЕКО-САМИТ кој по четврти пат ќе се одржи во Охрид, на 21-ви и 22-ри овој месец.
Инаку, наградените имаат право да аплицираат за финансиска поддршка за реализација на еколошки проект, кој треба да понуди иновативни решенија и методи за подобрување на животната средина.
OhridNews











