Под мотото „Прличевиот збор е аманет – делото бесмртно” ОУ „Григор Прличев“ во петок, 6-ти февруари, ќе го одбележи патрониот празник.

Свечената приредба ќе започне во 19 часот со изведба на државната химна „Денес над Македонија се раѓа” од страна на хорот во училиштето под менторство на наставникот Боби Спироски, по што ќе следи и изведба на химната на училиштето „1762 лето”.
Пред присутните свое обраќање ќе има директорката на училиштето, Лилјана Ефтимовска.
Во рамки на прогамата предвидено е читање на првонаградените творби од страна на учениците Јана Каневче и Климент Колески, изведба на рециталот „Бесмртна љубов” од страна на хорот и оркестарот во училиштето под менторство на наставниците Лилјана Ставреска, Боби Спироски и Филип Блажески, музичко-ритмичка точка „Километри” под менторство на наставниците Анѓелка Коталеска Љатко и Елизабета Цветкоска, како и мјузиклот „Штурецот и мравката” под менторство на Маре Ѓорѓиоска.
OhridNews











