Со низа свечености основното училиште „Христо Узунов“ денеска ќе го одбележи патрониот празник.

Чествувањата ќе започнат во 18.30 часот со изложба на ликовни творби во Центарот за култура, каде половина час подоцна ќе се одржи свечената приредба на која поздравен збор ќе има директорот на училиштето Оливија Пирузева Јанева.

На приредбата ќе бидат доделени награди и признанија на успешни ученици, а свеченоста ќе биде збогатена со настап на училишниот хор и поетско музички рецитал во изведба на членовите на рецитаторската секција, хорот и оркестарот при училиштето.

OhridNews