
Во рамки на активностите за обележување на патрониот празник на училиштето деновиве се оддржа и продажна акција на честитки изработени од креативните раце на учениците. Обележувањето на училишниот патронат ќе продолжи и во понеделник на 23-ти декември кога ќе се организира ,,Отворен ден на училиштето’’. Во рамки на отворениот ден ќе биде поставен ,,Саем на училишни секции”, а ќе бидат презентирани и активности од Кампањата ,,Здрава храна за детство без мана’’.
Инаку патронот на ова училиште Кочо Рацин е роден во Велес на 22 декември 1908. Тој бил македонски книжевен деец и комунистички активист, најпознат по својата поезија. Се смета за еден од основоположниците на современата македонска литература, а неговата стихозбирка „Бели мугри“ претставува едно од најзначајните поетски дела во македонската современа литература. Го загубил животот во Лопушник, Кичевско на 13 јуни 1943 година.
OhridNews











