Ученици од охридското основно училиште „Кочо Рацин“, со низа активности го одбележаа денот на пролетта 21-ви март.

Со украсување на еколошкото катче и со изведба на приредба, најмладите од одделенската настава започнаа со прослава на пролетните денови.

Исто така, во склоп на празникот беше спроведена и еколошка акција, со која се уреди училишниот двор во ОУ „Кочо Рацин“.

OhridNews