Во Основното училиште „Св. Климент Охридски“ од утре па се до 8- ми декември ќе се оддржи образовен камп насловен „Боите на светлината“, на кој ќе учествуваат претставници од училишта дел од мрежата на УНЕСКО и партнерски училишта со „Свети Климент Охридски“.

Во Охрид ќе пристигнат учесниците од Словенија, Црна Гора, Србија и Македонија, а во рамки на четиридневниот камп предвидени се бројни работилници, концерти и дебати.

OhridNews