Вчера Основото училиште „Св. Климент Охридски“ од Охрид беше домаќин на координаторите од еко училиштата во светот.

Покрај претставниците на ОХО и Министерството за образование и наука, присустуваа и координатори од 56 држави.

Учениците од ова школо, пред присутните ги презентираа рачните изработки од рециклиран материјал, а потоа следуваше приредба со еколошки теми, презентација на историјата на училиштетот и еко-активностите кои беа реализирани во изминатиот период.

Присутните добија хартиени ќеси со лого од училиштетот, во кои имаше скромни подароци од рачно изработени украси и фалери, а гостите уживаа во традиционалната храна подготвена од вработените во ОУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид.

OhridNews