Основното училиште „Ванчо Николески“ од село Лескоец изминатиот викенд беше домаќин на четвртиот меѓународен натпревар по англиски јазик „HIPPO“, организиран од страна на Global Input & Global Hippo Association.

„Global HIPPO“ е доброволно и непрофитно здружение кое преку организирање на вакви натпревари ја подигнува јазичната свест и значењето на изучувањето на странските јазици.

Овој натпреварот е отворен за ученици од 10-19 години од Македонија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Италија, Црна Гора, Србија и Словенија. Учество зедоа околу 40-тина ученици од повеќе училишта од Охрид, од V – IX одделение и беа тестирани за три јазични вештини – читање, слушање и пишување.

Учениците кои ќе се пласираат во финале имаат можност да продолжат со натпреварувањето што ќе се одржи на 14-ти и 15-ти мај во Лидо ди Јесоло, Италија.

Натпреварот го организираа и технички го подготвија наставничките по англиски јазик Елисабета Н., Татјана П., Зора Б. и Дијана Д., а на сите учесници им беа доделени и меѓународни сертификати за познавање на англиски јазик.

OhridNews