ОУТУ „Ванчо Питошески“ се вклучи во реализација на проектот „Одржување на ниска преваленца на ХИВ/СИДА во Република Македонија кај популациите изложени на најголем ризик“, во рамките на грантот од Меѓународната донаторска фондација „Глобален фонд“ за спроведување активности за борба против СИДА во земјава.

За таа цел, на национално ниво  се спроведува бихевиорална студија за ХИВ/СИДА, сексуално преносливи инфекции и сексуално и репродуктивно здравје кај млади на возраст од 15-24 години, на национално ниво.

Подготвен е анкетен прашалник, на кој ќе одговараат вкупно 60 ученици (по 15 ученици од секоја наставна година), со чие одговарање ќе можат да придонесат за креирање на слика на знаењата, ставовите и однесувањето на младата популација во Македонија, во врска со ХИВ/СИДА, сексуалното однесување, сексуалното вознемирување/насилство, сексуално преносливи инфекции (СПИ), бременост/абортус, алкохол/дроги, и сексуалното и репродуктивно здравје. Податоците ќе бидат користени исклучиво за научи цели, а анонимноста на анкетираните лица е гарантирана од Министерството за здравство и НВО ИПГ.“  – велат од ОУТУ „Ванчо Питошески“.

Инаку, проектот се реализира во соработка со Министерството за здравство.

OhridNews