Музиката е единствената работа во светот која ги обединува луѓето. Уште ако е квалитетна и базирана врз вистински емоции, нејзината вредност и трајност е уште поголема.

Колку пати сте посакале да ги гледате во живо омилените артисти, групи, изведувачи… Дел од нив се недостапни поради малиот пазар, дел повеќе не работат активно… Токму затоа, феноменот на Tribute бендови е новото големо „нешто“ во светот на Шоу бизнисот.

 

Ова лето ќе се одржи премиерата на проектот NUMB – Tribute кон неповторливата музика на еден од најголемите и највлијателните рок бендови воопшто во музичката историја, легендарните Pink Floyd.

Екипа од 11 членови, предводена од Ѓоко Танески, Анатоли Aрнаудоски, Димитри Алчев, Владимир Кречоски, Ѓорѓи Калајџиевски, Никола Јосифоски и Горан Папаз. Шеснаесет безвременски хитови на Пинк Флојд, кои го одбележаа музичкиот карактер и насока на една цела генерација.

Прес конференцијата на која ќе се соопштат деталите за проектот ќе се одржи утре.

OhridNews