
Во истиот период, езерската полиција регистрирала вкупно девет прекршоци за непочитување на законот за внатрешна пловидба. Против шест лица поднесени се прекршочни пријави за управување скутери на Охридското езеро без пловидбени дозволи, без уверение за управување со пловен објект и управување скутери спротивно на владината одлука за ограничена пловидба на чамци и скутери на природните езера во Република Македонија.
Инаку, од први јули заради поголема безбедност во пловидбата и на капачите, заштита на животната средина како и намалување на рибокрадството стапи на сила ограничувањето за пловидба на скутери и чамци по водите на природните езера во Македонија. Забраната за движење на скутери е до 31 август, во периодот од 11 до 19 часот низ Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро. Чамците не смеат да пловат по езерските води од 21 до 05 часот
OhridNews











