Сигурно ви се случило да добиете покана за роденден, вечера, а единствена препрека ви била она вечно, женско, “немам што да облечам“.
Добрите вести се дека, барем оваа сезона, таа недоумица можете да ја решите со едноставен избор кој би требало да биде избор за сите сезони. Коктел фустанот е парче облека кое ќе ви ја оттргне грижата додека да трепнете.

Изборот на идеален модел гледајте го како трајна инвестиција, бидејќи тој фустан може да го комбинирате безброј пати и да го носите во многу прилики: со различни модни додатоци навечер или преку ден, на боси нозе на лето или со хулахопки во зима, со балетанки во кино или високи потпетици на некоја венчавка.

Затоа, водете сметка за тоа да ви стои како слеан и да не премногу воочлив за да не ви го запамтат многу лесно.

извор:vecernji.hr