Според прогнозата на синоптичарите оваа седмица времето во Охрид ќе биде претежно облачно и врнежливо. Подолги сончеви периоди ќе има во четврток и петок претпладне, додека пак за време на викендот врнежите од дожд ќе бидат поинтензивни.
Минималната температура ќе биде од 1 до 5 степени, додека дневната ќе се движи помеѓу 8 и 13 степен целзиусов.
Ќе дува силен ветар од западна и југо- западна страна кој особено ќе биде интензивен во среда.
OhridNews