Јован Митревски доаѓа на позицијата координатор на пратеничката група на СДСМ, откако Томислав Тунтев поднесе оставка од пратеничкото место, бидејќи во иднина ќе извршува друга државна функција.
Досега Митревски беше заменик-координатор заедно со пратеничката Соња Мираковска.
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, на денешната седница се очекува да ја констиатира оставката на Тунтев. На негово место како пратеник во Собранието ќе седне охриѓанецот Рубин Земон.