Познатиот стенд ап комичар Никола Тодороски на охридската публика, синоќа и приреди уште една незаборавна вечер.


Публиката која втора сабота по ред ја исполни големата сала на Центарот за култура, уживаше во едночасовното шоу на Никола, кој воодушеви со својот специфичен, креативен хумор, за што беше награден со овации. Тој синоќа репризно го изведе најновиот материјал, специјално подготвен за третото продолжение на популарната веб комедија „Идиотека“, која наскоро ќе започне да се емитува на OhridNews.


Уште едно незаборавно стенд ап шоу на Никола Тодороски пред охридската публика

OhridNews
фото:Емил Јовановиќ