Андреас Иниеста или магионичарот со топка како што го нарекуваат имаше бријалентен настап зачинет со погодок за Барселона во триумфот (4-1) над Реал Мадрид во „Ел Класико“. Одличните игри и спортската големина на Иниеста беа наградени со стоечки овации на Сантијаго Бернабеу од фановите на Реал Мадрид.
Стоечките овации за Иниеста почнуваат на 5 минути и 26 секунди од видеото.
Шпанскиот репрезентативец секаде има топол прием, а таков беше случајот и на национална Филип Втори кога македонските навивачи со аплауз го поздравија на мечот меѓу Македонија и Шпанија.
Ohridnews










