Во Полициската станица Струга, вчера, од страна на екипа на Итната медицинска помош било пријавено дека во возило (комбе) во атарот на струшкото село Ливада, на место викано „Бело Губе“, констатирале смрт кај 39-годишно лице од Пешкопеја-Република Албанија. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Струга.
Притоа, било утврдено дека лицето било ангажирано кај жител на Ливада како овчар, а комбето го користел како преноќиште. Во комбето била пронајдена плинска греалка која се користела за затоплување на истото. По наредба на Јавен обвинител, врз телото била направена обдукција, при што е констатирано дека починатиот се затрул со јаглено-моноксид.
Телото, по обезбедување на потребната документација за транспорт во Република Албанија, ќе биде предадено на семејството.
OhridNews












