Електронските дневници функционираат, но овој првичен месец инспекторатот и Министерството за образование и наука нема да вршат контроли дали наставниците истите ги пополнуваат, истакна ресорниот министер Спиро Ристовски, при вчерашната посета на Охрид.
„Е-дневникот функционира, но во договор со Синдикатот, кој побара извесни надградби заради технички проблеми кои наставниците ги имаа во текот на минатата година, овој првичен месец ние и инспекторатот сме далеку потолерантни бидејќи се вршат корекции на целокупната техничка поддршка по укажувањето од наставниците.“ – истакна Министерот за образование и наука, Спиро Ристовски.
Оваа одлука доаѓа по барање на наставниците, кои преку Синдикатот се пожалија на техничките проблеми со кои се соочуваат при поплнувањето на е-дневниците.
O.T.