Кон средината на февруари, Собранието ќе треба да ги избере новите функционери за испразнетите места во министерствата, откако Теута Арифи и Невзат Бејта поднесоа кандидатури за градоначалници на општините Тетово, односно Гостивар.
Како што пренесува Дневник, на седнина која е закажана меѓу 15-ти и 18-ти февруари, ќе бидат избрани новиот вицепремиер за евроинтеграции, министер за локална самоуправа, како и нов заменик на министерот за финансии.
На собраниската седница, најпрво ќе бидат прифатени оставките на пратеникот Арбен Љабеништа, министрите Арифи и Бејта, како и актуелниот заменик-министер за финансии Недим Рамизи.
OhridNews