Поразот во Охрид го оддалечи Пелистер од пласман на местата кои водат во плејофот. Шансите се уште постојат за „зелено белите“, но не зависи се од нив туку и другите резултатите треба да им се поклопат.


– Направивме и пробавме се за победа, но едноставно охридските ракометари одиграа подобро и заслужија да триумфираат. Со две интернационални засилувања минатата полусезона се вративме во игра, но тие се премалку за нешто повеќе. Овој Пелистер е далеку од оној вистинскиот. Потребни се 3-4 играчи со кои ќе застаниме на прави нозе и ќе можеме да се бориме за местата од горниот дел на табелата. – рече тренерот на Пелистер, Игор Николоски.


Покрај двете победи во двата преостанати натпревари на битолчани им е неопходна победа на Прилеп на гостувањето кај Тинекс Пролет.

Фото : Емилио
Мх.П.