Со нови 90 минути свеж комичен материјал Никола Тодороски повторно и објави војна на културната затаеност во Охрид. На 30.01.2015 во Центарот за култура „Григор Прличев“-Охрид со почеток во 20:00 во големата сала премиерно ќе биде изведен новиот материјал на популарниот македонски стендап комичар насловен како СТЕНДАП РЕВОЛУЦИЈА.
Ова е втор дел од проектот Стендап Револуција кој Никола го започна во декември минатата година. Предизвикот кој си го постави Никола со овој проект е секој месец од декември 2014 до јуни 2015 да пишува нов материјал од по 90 минути, нешто што само по себе е револуционерно и никогаш не е направено до сега, а со тоа да придонесе за подигање на нивото на хуморот во рамките на целата држава.
Билетите по популарна цена од 150 денари ќе бидат пуштени во продажба од вторник 27.01. 2015 и ќе можат да се купат на касата при центарот за култура.
OhridNews












