Погребот на еден 28-годишен египќанец се претворил во прослава, откако момчето кое било прогласено за мртво се разбудило. Болничките официјални лица во едно гратче во јужната провинција Луксор го прогласиле за мртов младиот келнер Хамди Хафез ал Нуби, откако претрпел инфаркт на работното место.

Неговото семејство го одвело дома и го спремало за погреб, во склад со исламската традиција. Лекарката која дошла да ја потпише посмртницата видела дека е чудно тоа што неговото тело било сеуште топло, па по деталниот преглед утврдила дека момчето сеуште е живо. Со лекарска асистенција, Ал Нуби би разбуден и набрзо се придружил на славењето на семејството и повиканите на погребот.