Еден од најдобрите играчи на Арсенал, Месут Езил, поради повреда на рамото ќе пропушти неколку натпревари. Германскиот репрезентативец, не играше во неделата во Њукасл, каде Арсенал забележа минимална победа (0:1).


Езил го повредил рамото во четвртокот, во победата над Вест Хем од 3:1. – Сакав тој да биде со нас во Њукасл, но има проблеми со рамото кое го повреди на мечот со Вест Хем. Нема да игра во следните две или три средби-, рекол менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер.

Месут Езил, во финишот на летниот преоден рок, се пресели во Арсенал од Реал за сума од 47 милиони фунти, на 15 натпревари во Премиер лигата, тој има учинок од четири гола и осум асистенции.

 

„Макфакс“