Германскиот репрезентативец Месут Озил после завршувањето на оваа сезона најверојатно ќе го напушти Арсенал и ќе се пресели во Манчестер Јунајтед.

Озил им се доверил на фудбалерите, а информацијата како ексклузивна ја објави „Мирор“ во своето печатено издание.

Германецот на Олд Трафорд ќе се пресели без оштета како слободен фудбалер и ќе му зададе нов тежок удар на „топчиите“.

Сличен ваков трансфер се случи пред пет сезони кога Робин ван Перси за оштета од 25 милиони евра ги смени клупските бои и успеа да ја освои титулата во Премиер лигта со „црвените ѓаволи“.

Останува да заврши оваа сезона и летниот преоден рок ќе даде одговор на ова прашање.

OhridNews