Фудбалерот на Арсенал, Месут Озил одлучувајќи да се повлече од националниот дрес ја здрма германската јавноста. Озил, преку соопштение ја образложи одлуката и ги нападна медиумите и сите кои го посочија како најголем виновник за неуспехот на Германија на СП во Русија. За потсетување, Германија во Русија допатува на шампионит, а мечевите ги заврши во фазата по групи.

  • Некогаш германскиот дрес го носев со гордост и возбуденоста, а тоа повеќе не е случај. Ова беше тешка одлука, затоа што секогаш давав максимум за соиграчите, тренерите и прекрасните луѓе ширум Германија. Видов дека е доста, кога високите функционери во сојузот не ги почитуваат моите турски корени и ме користат за политичка пропаганда. Расизам никогаш и никаде не смее да биде прифатен. – стои во еден дел од соопштението на Озил, кое, брзо се прошири низ социјалните мрежи.

Озил заедно со Илкај Гундоган во текот на подготовките за Мундијалот се сликаа со турскиот претседател Ердоган и поради тоа јавно беа критикувани. Уште тогаш дел од германските медиуми побараа Озил и Гундоган да не бидат дел од германската селекција на СП.

29-годишниот фудбалер со селекцијата на Германија има златен медал од Светското првенство во Бразил пред четири години. Тогаш, Озил беше еден од најдобрите фудбалери на „панцирите“ и заслужено се најде во идеалниот тим на Мундијалот.

OhridNews