Германскиот репрезентативец во редовите на Арсенал, Месут Озил од клубот побара да го смени бројот на дресот и да ја преземе „десетката“ од Џек Вилшир кој замина на позајмица во Бурнмаут.
По доаѓањето од Реал Мадрид фудбалерот за врска на грбот го носи бројот 11, а десетката ја носи во германската фудбалска репрезентација.
– Јас сум плејмејкер во екипата, а се знае таквиот играч кој број го носи на грбот. Така да, јас ја посакувам десетката. – изјави Озил.
Последниот збор ќе го има Арсен Венгер кој ќе треба да одлучи дали ќе ја исполни желбата на Германецот кој сезоната ја започна со 11-ката на грбот.
OhridNews