Германскиот репрезентативец Месут Озил со продолжувањето на договорот со Арсенал до 2021 година стави точка на сите шпекулации и неизвесности околу неговата клупска иднина.

За ангажман на Озил најзагреан беше Манчестер Јунајтед, но клубот од Олд Трафорд извиси, откако фудбалерот одлучи да ја продолжи верноста со лондонскиот премиерлигап.

– На крајот го пуштив срцето да одлучи, а тоа одлучи за Арсенал. Секогаш говорам дека тука во Арсенал се осеќам како дома и многу сум мотивиран за следните предизвици кои доаѓаат. – изјави Германецот.

29-годишниот фудбалер во 2013 година од Реал Мадрид се пресели во Арсенал и стана еден од најдобрите асистенти во Премиер лигата. 

OhridNews