Основното јавно обвинителство Струга оформи предмет во врска со уривањето на спомен-куќата на Владо Малески, при вршење градежни работи во близина на објектот од страна на лице од Велешта.

Од Основното јавно обвинителство соопштуваат дека јавен обвинител на 16 октомври извршил увид на лице место во присуство на вешто лице од градежната струка.

Наредено е вештачење, а се преземаат и други дејствија за испитување на околностите под кои се случил настанот, стои во соопштението на ОЈО.

Инаку, јужниот ѕид и дел од кровната конструкција од куќа заштитена како културно наследство во старото градско јадро на Струга беше срушен при изведба на градежни работи на индивидуален објект.

Министерот за култура најави изработка на проект за обнова и реставрација на спомен куќата на Малевски со цел да се зачува автентичниот изглед и историјскиот дух.

OhridNews