Уште две недели имаме до завршување на сезоната во кои ни следуваат многу тешки и важни натпревари. Во среда имаме борба за второ место со Пелистер. Ќе пробаме да дадеме максимум. Очекувам тежок натпревар со голем влог и за нас и за Пелистер. Се надеваме на позитивен резултат. По ова ни слeди финале во ЕКФ Купот. Татањаба е одличен тим со одлични ракометари. Ќе пробаме во овој прв натпревар да извојуваме што подобра резултат. Потоа ни следува и домашен натпревар. Овој меч не е решавачки, но секоја разлика може да одлучи на крај. Се надевам дека ќе влеземе максимално подготвени во овие две недели до крајот на сезоната, изјави капитенот на ГРК Охрид Гоце Ојлески.
OhridNews












