Во финалниот дел од натпреварувачката сезона, охридските клубови ќе имаат супер услови во СРЦ „Билјанини Извори“, откако истоименото Јавно претпријатие го „светна“ паркетот. Ј.П. „Билјанини Извори“ обезбеди нова современа машина за чистење и одржување на паркет од фирмата Клинфикс со одлични перфоманси за чистење, полирање и одржување на паркети и ламинатни подлоги.

  • ЈП Билјанини Извори продолжува со планот за техничко осовремување и поддршка на техничкиот персонал при претпријатието кој е задолжен за одржување на постоечката спортска инфраструктура во Спортскиот центар “Билјанини Извори” а се со цел подобрување на условите за нашите спортски корисници, спортските клубови и рекреативците. Ова е уште една скромна но многу значајна, од отварањето на салата прва од ваков тип, техничка инвестиција која во многу ќе го подобри и олесни досегашното одржување и чистење на паркетот при спортската сала. – стои во соопштението од Јавното претпријатие.

Ј.П. „Билјанини Извори“ и во иднина планира да инвестира во подобрувањето и осовременувањето на техничката опрема во спортската сала на задоволство корисниците и вработените задолжени за одржување на инфраструктура.

OhridNews