Директорот на јавното претпријатие „Градски гробишта“, Ванчо Костоски, задоволен од реализираното во изминатата 2018. Како што информира, во текот на изминатата година претпријатието успеало да исплати стари долгови кои датираат од 2012, во висина од 5 423 000 ден.

-Во оваа година, првпат од постоењето, е даден регрес за годишен одмор во висина од 5000 денари по вработен. Во 2018 година е зголемена платата на вработените во висина од 10%. Исто така е помогната синдикалната организација со 60 000 ден. Имаме многу поголемо ангажирање. Направивме добар тим со истите вработени кои беа и претходно, го извадивме потенцијалот кој претходно не можел да дојде до израз. Но, многу е важна и нашата соработка со Локалната самоуправа, вели Костоски.

Првиот човек на јавното претпријатие потенцира дека во континуитет се реализираат бројни активности, меѓу кои и поплочување на улици и тротоари.

Предвидено е претпријатието во 2019 година да оствари прилив од средства врз основ на реализирани активности во висина над 6 000 000денари.

OhridNews