Екипата на Милан на крилата од полскиот репрезентативец Криштоф Пјонтек ја совлада Аталанта со 3-1 во Бергамо и освои исклучителни важни три бодови во трката за пласман во ТОП 4 во италијанската Серија А.

Голгетерот на „росонерите“ во последната минута од првиот дел го изедначи резултатот, откако домаќините поведоа со погодокот Ромео Фројлер во 33-та минута од мечот. Пресвртот го комплетираше Хакан Чаланоглу кој на најдобар можен начин одговори на критиките. Печат на победата стави Пјонтек со вториот погодок на мечот, вкупно 17-ти сезонава во „калчо“ лигата.

Милан со триумфот му се доближи на бод од третопласираниот Интер, кој на домашен терен ќе се судри со Сампдорија во рамките од 24-та рунда од шампионатот.

Во првиот меч од денешната програма Каљари со 2-1 ја совлада Парма.

OhridNews