ЈП Водовод Охрид со апел да не се злоупотребува водата од водоводната мрежа за наводнување на земјоделските насади.

Поради реакции на граѓани од недостиг на вода за пиење во селото Лакочереј, што не е последица од настанат дефект на водоводната мрежа или други активности на терен, апелираме до сите корисници посебно во населбите од околината на Охрид каде што има земјоделски површини, да не се злоупотребува водата од водоводната мрежа за наводнување на земјоделските насади, велат од претпријатието.

Воедно, со цел заштита на системот за водоснабдување, велат од претпријатието, граѓаните кои регуларно и редовно ги извршуваат своите обврски, како и во согласност со сите законски регулативи, спроведуваат акции за исклучување на диви приклучоци.

Дивите приклучоци се забранети со Закон (Закон за водоснадбување, член 23) и истите се утврдуваат од страна на овластен комунален инспектор на општината (Закон за водоснадбување, член 37), врз основа на што за сите утврдени иматели на див приклучок ќе биде поткрената прекршочна постапка за сторено кривично дело, информираат од претпријатието.

Со дивите приклучоци се нанесува директна штета на системот за водоснабдување и на квалитетот на водоснадбувањето до сите корисници во градот и околината, потенцираат од претпријатието.

OhridNews