Екипите на ЈП Водовод Охрид активно работат повеќе од 24 часа на санација на големиот дефект на улицата “Асном” и покрај непристапноста и тешките услови за работа на терен, велат од претпријатието.

Во текот на денот се очекува да се заврши санацијата со целосно нормализирање на водоснабдувањето. –  информира ЈП Водовод Охрид.

Како што информиравме, при вршење на ископ за изградба на станбен објект од страна на градежна компанија на улицата “Асном”, настанат е дефект на главната водоводна линија, односно оштетена е цевка со голем профил ф 350 мм, за чија целосна санација ќе биде потребно повеќе време, велат од јавното претпријатие.

OhridNews