Селекцијата на Австрија од водечката позиција и со два бодови се пласираше во главната фаза победувајќи ја Македонија со 32-28 во последната трета рунда од фаза по групи. „Црвено жолтите“, потфрлија и одиграа далеку под своето ниво, а австријците немилорсрдно казнуваа и стигнаа до заслужена победа.

Австрискиот селектор смета дека клучот на победата лежи во добрата игра во одбрана против капитенот Кирил Лазаров и пивотмените.

Резултатот во групната фаза е неверојатен. Свесен сум дека во селекцијата имам 6-7 квалитетни играчи и од нив зависи се. Останатите играчи се млади и без искуство и реално не можам да се потрпрам на нив. Успеавме да одиграме три натпревари на високо ниво и мило ми е што завршивме на првата позиција со три победи во исто толку натпревари. Билик и Божовиќ се срцето и душата на оваа селекција, а после првиот слаб натпревар голманите во двата следни мечеви од групата се „разбудија“ и ни дадоа дополнител квалитет. 

Одигравме маестрална одбрана (5-1) на Лазаров. Максимално ги неутрализиравме неговите удари и пробиви кон голот, потоа добро се справивме со играчите на шест мести и мислам дека тука е тајната на победата. Во некои моменти имавме среќа, дадовме голови под закана од пасивен напад и од шутеви од не изградена позиција. – изјави Алеш Пајовиќ.

Од нашата група покрај Австрија пласман во главната фаза обезбеди Чешка.

OhridNews