Во нов амбиент и славеничка атмосфера познатиот ирски паб „Даблин“ на градскиот кеј во Охрид, синоќа, го прослави 10-от, јубилеен роденден.

По реновирањето добро познатото омилено место на охриѓани за утринско кафе, уживање во одличните специјалитети и добрата забава, повторно отворено.

Заслугата за нашето 10 годишно постоење е Ваша, и довербата која ни ја давате сите овие години. Ве очекуваме во нов амбиент и многу новини во нашето понатамошно работење. Како и до сега така и во иднина вие ќе бидете нашиот мотив и сила да продожиме и понатаму со нашето успешно работење, – велат од менаџерскиот тим на клубот.

Збогатена со звуците на добрата музика во изведба на групата „Камелеон“, пијалок и торта, роденденската забава беше вистинско уживање за големиот број гости и пријатели на пабот.

Пабот „Даблин“ го прослави 10тиот јубилеен роденден во нов амбиент

По повод 10 годишниот јубилеј во наредните десет дена од менаџерскиот тим најавуваат 10% попуст на целото мени за сите посетители.

OhridNews