Македонските интернационалци ширум светот беа активни во своите клубови. Репрезентативецот Илчо Наумоски беше двоен асистент во убедливата победа на Матерзбург над Риед со 4-1. Голманот Ока Николов прими само еден погодок во фуриозниот триуфм на Ајнтрахт над екипата ФСВ Франкфурт додека репрезентативниот голман Пачовски не настапи во поразот на Бершот 2-1 од Мехелен.


“Везистот“ во македонската селекција Мухамед Демири, одигра 66 минути во ремито на Тун на гостувањето кај Цирих. Ацо Стојков со погодокот во финишот на мечот го ублажи поразот на Арау од Вадуз 3-2.


Наполи триумфираше со 3-0 над Фиорентина, со погодоцицте на Кавани два и Лавеци. Македонскиот интернационалец Горан Пандев влезе во игра во 74-та минута на местото од двократниот стрелец уругваецот Кавани.

МП/ВБ