Според податоците на Државниот завод за статистика, цените на угостителските услуги во јули 2020 година, во споредба со јуни 2020 година, бележат значително намалување од 0.3 %.

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 1.0 %, Алкохолни пијалаци за 1.3 % и Безалкохолни пијалаци за 0.8 %, додека во групата Ноќевања е забележано намалување за 4.9 %, кое има најголемо влијание врз намалувањето на вкупниот индекс.

Индексот на цените на угостителските услуги во јули 2020 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0.3 %.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари ‒ јули 2020 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 0.4 %, додека во однос на декември 2019 година е зголемен за 0.4 %.

OhridNews