Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2012 година, во однос на јуни 2011 година, бележи пораст од 6.4%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 6.3%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 12.7%.
Според главните индустриски групи, производството во јуни 2012 година, во однос на јуни 2011 година, бележи опаѓање кај Капитални производи за 18.9%, Трајни производи за широка потрошувачка за 47.7% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.8%, додека бележи пораст кај Енергија за 5.7% и Интермедијарни производи, освен енергија за 5.4%.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари-јуни 2012 година, во однос на периодотво 2011 година, бележи пад од 6,9 проценти.