Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во март 2012 година, во однос на март 2011 година, бележи пад за 8,5 проценти. 

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен, бележи опаѓање од 4,7 отсто, во Преработувачката индустрија 6 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација има опаѓање од 23,8 проценти.

Според главните индустриски групи, производството во март 2012 година, во однос на март 2011 година, бележи опаѓање кај Енергија за 35 отсто, кај Капитални производи за 13,6 и Трајни производи за широка потрошувачка за 57,2 отсто. Пораст на производството се бележи кај Интермедијарните производи, освен енергија за 8,4 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,9 отсто.

Падот на индустриското производство во периодот јануари – март 2012 година, во однос на истиот период 2011 година, изнесува 8,4 отсто.

OhridNews